Скопје

Шилегов во посета Дневниот центар на „Здружението за заштита на правото на детето“ во Шуто Оризари

Градоначалникот Шилегов денеска го посети Дневниот центар на „Здружението за заштита на правото на детето“ во Шуто Оризари, кое ги згрижува децата од улица, и на околу 150 деца им подели новогодишни пакетчиња и билети за посета на Зоолошката градина.

Шилегов им порача на децата да одат на училиште и дека нивното место не е на улица, бидејќи само со добро образование ќе можат да изградат успешен и исполнет живот.

Децата кој го посетуваат Дневниот центар за присутните гости рецитираа и пееја песни.

На делењето на пакетчињата присуствуваше и заменик-министерот за Труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток