Скопје

Милошоски побара истрага за Бејли, Заев порача дека ќе се иницира истрага

Дали владата ќе покрене иницијатива во Судскиот совет за да се поведе истрага кои судии злоупотребиле авторитет на странски амбасадор? , запраша пратеникот Антонио Милошоски, на денешната собраниска седница.

-Почитуван господин Заев, сакав да го знам вашето мислење дали ова писмо во кое што се цитира разочарувањето на американскиот амбасадор од злоупотребата на неговата функција или амбасада е и ваше разочарување, а поврзано со можна злоупотреба и местење на одредени судски процеси при изрекувањето на мерки притвор или при определувањето на пресудите, запраша Милошоски.

Милошоски го образложи прашањето дали Заев како премиер чија што влада има претставник во Судскиот совет, а тоа е министерот за правда без право да одлучува но со право да работи во Судскиот совет и да покренува иницијативи, дали владата која што ја предводи ќе покрене иницијатива во Судскиот совет според неговата надлежност за да се поведе истрага кои судии или судови злоупотребиле авторитет на странски амбасадор на пријателска држава за местење на судски процеси или на судски одлуки, или пак пресуди.

На прашањето на пртеникот Милошоски, одговор даде премиерот Зев.
-Го сфаќам како порака никој да не се вади на амбасадата за судски одлуки. Ова е доволен сигнал да преземеме анализи што е причината за тоа писмо. Да, ќе дадам инструкции до министерката за правда да го отвори прашањето во Судскиот совет. Ако имало таква работа, да се посочи и да има одговорност – рече премиерот Заев.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток