Скопје

На Граничен премин Аеродром “Скопје“ , сакал да помине со фалсификувана исправа

На 27.12.2018 година во 05.30 часот на Граничен премин Аеродром “Скопје“ на излез од Р.Македонија, при пасошка контрола на К.Н.(22) од Р.Србија, утврдено било дека српската патна исправа во делот на биометриската страница е целосно фалсификувана.

Подоцна лицето приложило и српска лична карта и српска возачка дозвола, кои исто така се фалсификувани. По извршената детална контрола, во неговиот паричник била пронајдена косовска лична карта на негово име. Лицето е приведено за понатамошна постапка.

На 27.12.2018 година во 06.20 часот на Граничен премин Аеродром „Скопје“ на излез од Р.Македонија, при пасошка контрола на Е.М.(22) од Р.Aлбанија, било утврдено дека користи туѓа албанска патна исправа. Лицето е приведено за понатамошна постапка.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток