Скопје

МВР: Во 24 часа во Скопје, 14 сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди

Во текот на изминатиот ден (27.12.2018 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно 14 сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди, три со телесни повреди и 10 со материјална штета. Во сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди и пет лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 27 возачи управувале возило со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 27 возачи од кои: 11 затоа што управувале возило под дејство на алкохол, 12 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило. Исто така исклучени од сообраќај се и пет возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се двајца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, тројца возачи не дале првенство на минување на пешаци, пет возачи поради неправилно престигнување, четворица поради неносење пропишана зимска опрема и седум возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците санкционира е по еден пешак поради поминување на коловоз вон пешачки премин и поминување на коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 83 мандатни платни налози и 64 возила се подигнати со специјално возило “пајак”.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток