Македонија

Иванов: Со договорот од Преспа го негирате македонскиот народ, а со Законот за јазици ја демонтирате државата

Претседателот Ѓорге Иванов пред пратениците говореше за Законот за јазици, Преспанскиот договор и други актуелни теми.

„Мнозинството на пратеници во Собранието не ја почитува јавноста. Ги поткопавте Уставот и законите. Се ризикува да имаме дом со разнишани темели. Република Македонија е трајна придобивка на македонскиот народ, а со грчката спогодба се релативизира таа добивка. Преспанската спогодба става крај на нашето постоење. Тврдите дека македонскиот народ живее во минатото, а сакате да го однесете во иднината. Но, народот живее со иднината. Нема никој право да тргува со името и јазикот на Македонија“, рече Иванов.

„Законот за јазици е усвоен вон секоја процедура. Злоупотребено е европското знаменце. Го вратив, не го потпишав со низа забелешки, а влста не ги ни виде тие забелешки. Поднесоа кривична приајва, а немаа сила да се потпишат на неа. Зарем со кривична пријава ќе ме натерате да потпишам нешто што не е во согласност со Уставот? Јас ги почитувам сите народи, како албанскиот, така турскиот и останатите. Израз на единството е македонскиот јазик. Доколку противуставниот закон стапи на сила, тогаш македонскиот јазик нема да го обединува нашето општество“, рече Иванов.

Пратениците реагираа на говорот од Иванов, а тој рече „Еве си ја покажавте политичката култура, пред дипломатскиот кор“.

„Многу учебници по историја ќе бидат забранети. Се најавува дека ќе се забрани етничката припадност во пописот на население. Која е поентата да имаме попис без етничка припадност. Дали со ваков попис се обезвреднува Охридскиот рамковен договор? Зарем се заборава дека без етничка припадност нема Охридски рамковен договор? Слушам за родители кои се прашуваат дали да им пејат македонски песни, за да не ги жигосуваат. Не можете да ја сакате Македонија, а да не ги сакате Македонците и македоснкито народ. Со спогодбата од Преспа се негира македонскиот народ, а со Тиранската платформа и Законот за јазици се демонтира македонската држава“, рече Иванов.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток