„Што е разликата на меѓу мојата и вашата амнестија? Јас сакав помирување преку амнестија. Вие амнстиравте за да уценувате. Без правда, нема мир. Вашата амнестија е преседан за политичка уцена, не за помирување. Го девалвирате помирувањето. Ова не е вистинска прошка. Ја потпишав амнестијата од две причини. Прво за да ги разоткријам вашите намери и второто заради патриотите кои ја сакаат Македонија“, рече Иванов.
Националното помирување ќе настане кога сите ние ќе побараме прошка кога ќе згрешиме, а и ние да простиме, рече Иванов.
„Постојано ми стигнуваат информации дека со усна наредба се следи претседателот и неговото семејство. Тоа е индикатор дека се менуваат системи, директори и друго, а само УБК останува исто. Кога сум кај УБК, да кажам дека УБК работи надвор од својот работен мандат. Секоја партија која доаѓа на власт мисли дека може да ја контролира УБК, а практично е обратно. УБК се користи за уцени. Реформите се фасада. Со реформските закони, моќта на МВР се шири во Владата. Со несуштинските реформи се остава простор за рушење на правата и слободите. Се заборава дека освен моќта, треба да се пренесе и одговорноста. Кого чуваат чуварите и кој ќе не чува од чуварите? Како да ја заштитиме демократијата? Како ќе се заштитиме од УБК? Се плашам и да помислам колку фабрикувани документи има кои се основа за кривични дела“, рече Иванов