Едно лице почина во големиот пожар кој изби во куќа во центарот на Скопје.
Мажот во моментот кога избил пожарот бил во продавницата за гуми која се наоѓала во објектот. И покрај обидите на пожарникарите да го извлечат и спасат, не успеале во тоа.
Во пожарот едно лице било полесно повредено и истотот по укажаната помош на Брзата помош било пуштено дома.
Пожарот на улицата Јордан Мијалков изби околу 12 часот. Црн чад се ширеше во центарот на градот поради запалените гуми во објектот. Против пожарната служба интервенираше со 8 возила.