Богдан Илиевски – Бетмен се огласи на ФБ откако попладнево, откако Кривичниот суд, одлучи тој и Борис Дамовски и Владо Јовановски да бидат амнестирани.
Тие се последните тројца за кои обвинителството има дадено позитивно мислење.
Илиевски на својот ФБ профил напиша:
395 дена подоцна…
Фала му на Бога,
фала ви на сите кои бевте со мене и со моите во периодов. Никому никогаш да не му се повтори.
Само слободата е правда.
Да ја има, за сите невини.
Да сте живи и здрави,
да живее Република Македонија!, напиша Илиевски.