Свет

Зеленски не го прифати барањето на Путин да го предаде Мариупол

Украина го отфрла барањето на Русија да го предаде Мариупол.

Вицепремиерката Ирина Верешчук и одговори на Русија со изјава дека предавањето не е опција. Во писмото од руското Министерство за одбрана се вели дека ќе воспостави хуманитарен коридор само доколку Мариупол се предаде.

Украина бара руските сили веднаш да дозволат безбедно минување. 7.295 луѓе евакуирани од жариштата на 20 март. Според вицепремиерката Ирина Верешчук, само четири од седум договорени хуманитарни коридори можеле да извршат евакуација.

На почеток