Свет

Литванскиот претседател: „Подгответе се за целосна одбрана“

Литванскиот претседател Гитанас Наузеда рече дека земјата треба да се подготви за целосна одбрана на сите нивоа.

„На сите нивоа, од НАТО до секој граѓанин, мора да се подготвиме за целосна универзална одбрана. Балтичките земји мора да се зајакнат за никој да нема простор за погрешно проценување“, рече шефот на државата.

Наузеда нагласи дека денеска главна задача е да се грижи за економската и социјалната сигурност на земјата.

Во овој поглед, Литванија планира да ги зголеми трошоците за одбрана, особено да ги прошири своите воени резерви, да го надгради оружјето, да ги надополни складиштата и да ја зајакне противвоздушната одбрана.

Во извештајот се наведува и неговата изјава дека на последната средба со претставниците на парламентарните партии немало забелешки за издвојување на три отсто од БДП на државата за потребите на националната одбрана.

На почеток