Свет

ОМВ го отфрли барањето на Путин: Ќе продолжиме да го плаќаме рускиот гас во евра, а не во рубљи

Австриската групација за нафта и гас ОМВ ќе продолжи, се разбира, да го плаќа рускиот гас во евра, а не во рубли, изјави извршниот директор Алфред Стајн.

„Ова е основата на нашиот договор, не требаше да постапувам поинаку“, изјави шефот на австриската компанија во интервју за телевизијата Пулс24, според транскриптот објавен пред емитувањето синоќа, посочува агенцијата АПА.

„Ја видов и таа најава“, рече Стајн, алудирајќи на изјавата на рускиот претседател Владимир Путин дека државите „непријатели“ во иднина ќе плаќаат руски гас во рубли.

„Никој се уште не ни се јавил, има и валидни договори во кои такво нешто не е вклучено“, изјави првиот човек на австриската компанија и додаде дека имаат намера да чекаат евентуално известување.

Путин најави дека гасот ќе се плаќа во рубли
Рускиот претседател Владимир Путин вчера попладне најави промени во наплатата на гасот, на состанокот на тесниот владин кабинет.

„Русија, се разбира, ќе продолжи да испорачува природен гас во договорениот обем и по договорените цени… договорени за склучените договори“, рече рускиот претседател на состанокот на тесниот владин кабинет, кој беше пренесен од ТВ станици.

„Ќе се промени само валутата на плаќање, во руски рубљи“, додаде Путин.

На почеток