Свет

(ВИДЕО) Ердоган им се обрати на руските и украинските преговарачи

Пред почетокот на преговорите, на руските и на украинските преговарачи им се обрати турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Преговорите треба да започнат во 10 часот во Истанбул.

„Ројтерс“ пренесува дека тој рекол дека се надева оти состанокот ќе биде корисен за вклучените земји и за целиот регион, дека Турција покажала фер став кон конфликтот и дека договорениот мир нема да има губитници. Тој повика на итен прекин на огнот.

Тој рече дека Турција ги гледа и Путин и Зеленски како вредни пријатели. Тој додаде дека напредокот во преговорите во Истанбул може да го отвори патот за средба меѓу двајцата лидери на Украина и Русија, на која Турција е исто така подготвена да биде домаќин.

На почеток