(ВИДЕО) Голем пожар во Пржино, жителите во паника, им помагаат и на пожарникарите
Барака гори над Кисела Вода во Пржино, дознава „Скопје1“. Густи облаци чад се шират и се гледаат и од центарот на Скопје, но и од другите населби. Ветерот го шири со голема брзина. Првичните информации се дека станува збор за барака која била поранешно училиште. Неофицијално, истата е напуштена.
Противпожарната бригада-Скопје интервенира со три противпожарни возила и десетина пожарникари. Засега, нема информација дека постои опасност да се прошири пожарот и на околните објекти кои се во непосредна близина, а пожарникарите се обидуваат да го стават под контрола.
Страв има и помеѓу населението кое и пред Противпожарната бригада се обиде да започне со гаснење на пожарот. Десетици луѓе кои имаат свои имоти во непосредна близина, им помагаат на пожарникарите.
Повеќе детали се очекуваат од Противпожарната бригада и полицијата. Причините за пожарот, не се познати.