Арсовска: Да им подадеме рака и поддршка на лицата со аутизам
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска по повод Светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот, вели дека трњба да се подигне свеста и да се нагласи потребата за подобар квалитет на живот на овие лица.
„Светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот се одбележува секоја година на 2 април. Истражувањата укажуваат дека кај 1 на 100 лица е детектирано нарушување на аутистичниот спектар. Тие треба да бидат прифатени и ценети за својата различност, да се подигне свеста и да се нагласи потребата да се подобри квалитетот на животот на овие лица.
Затоа со разнобојност се одбележува Светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот, да потсети на единственоста на секое лице со аутизам. Наша задача е да им подадеме рака, да ги охрабриме со насмевка и со поддршка, да им покажеме почит и разбирање секој ден“, вели Арсовска.