Тупанчески треба да биде веднаш разрешен, а ректоратот на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ да расправа за достоинството на професијата, смета Најчевска
Од
Објавено на
Министерот за правда Никола Тупанчески за „А1он“ призна дека не ја платил картата за чартер-летот и влезот на стадионот во Палермо. Фактурата за аранжманот, односно сместувањето ја платил откако целата јавност го виде на трибините, односно по четири денови од одржувањето на натпреварот. За ова, со коментар се јави професорката Мирјана Најчевска.
„Тупанчески не треба да поднесе оставка. Тој треба да биде веднаш разрешен, а Ректоратот на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ треба да расправа за достоинството на професијата и нарушувањето на етичкиот кодекс на Универзитетот“, напиша Најчевска.
Министерот претходно велеше дека сите трошоци ги подмирил тој од неговата трансакциска сметка.