Коментари

Јаулески за Тупанчески: Брука! Прво сами си ја платиле, па после натпреварот уплатиле, па негираа по телевизии и правеа кловнови од себе за на крај да си признаат

Пранитекот Јован Јаулески го коментираше признавањето на министерот за правда, Никола Тупначески, кој по две недели за „А1он“ кажа дека не платил за чартер-летот и за билетите на трибните во Палермо.

„Прво сами си ја платиле, па после натпреварот уплатиле, па негираа по телевизии и правеа кловнови од себе за на крај да си признаат.

Велеше и дека нема да поднесе оставка затоа што не го прекршил етичкиот кодес, сега признава дека го прекршил. Па, ќе поднесе ли Тупанчевски оставка?

На сликите од трибини каде што навиваа заедно, можевме да видиме дека има и директна спрега на релација министер за правда, судија и јавен обвинител, што е недозволиво!

Тука се поставуваат и други прашања, на пример, кои предмети ги водат обвинителот и судијата и на кои министерот директно влијае?

За да не се прашувате зошто само 8% доверба има народот во судството, ликот на сликава ви е одговорот.
Во истиот лик и целата СДС е одговорот и зошто има партизирано судство и наместени обвиненија по нарачка на власта!
Срам, беда и мизерија! Наместо да земете дечиња кои се иднината на фудбалот во Македонија да ја почувстуваатна фудбалот на големите терени, барем од трибини, се носат криминалци кои се полни со пари и можат сами да резервираат еден авион.

Брука!
Оставките се неизбежни!“, напиша Јаулески.

На почеток