Боки 13: Џабе наместениот корумпиран судија свири пенали, кога на крајот самите нечесни противници ќе си дадат автоголови


Бојан Јовановски-Боки 13 и по новата пресуда од девет години затвор, која многумина ја нарекоа драконска казна, посочи: „Најмрачните места во пеколот се загарантирани за оние кои остануваат неутрални во кризни времиња!!!“.
Тој во објавата додава:
„Знаеш ли како можеш да постанеш шампион? Кога ке излезеш на терен кога е најтешко и кога на крајот после долга, мачна, кварна, нечесна и нефер игра со наместен судија на теренот ЌЕ ПОБЕДИШ !!! За таква шампионска победа соиграчи ти се времето, силата, издржливоста и трпението !!! Џабе наместениот корумпиран судија свири пенали, кога на крајот самите нечесни противници ќе си дадат автоголови, шампионот со неговите соиграчи ќе победи историски, а наместениот судија ќе си остане само со малото свирче во уста !!!
А да, многумина веќе ме ребрендираа од Боки 13 во Боки 18…ако де, слободно, мајтапете се, ликувајте и радувајте се, не ми пречи, само ми е тажно кога ја гледам таа човечка злоба, не чини, не е добро, бидејки не знае никој што го чека утре… и полека не се радувајте премногу однапред, натпреварот не е завршен!!! Таков е животот, денес си горе, утре долу, важно е да останеш човек! Па затоа , од срце им благодарам на оние луѓе кои ми ја даваат нивната безрезервна поддршка, нека им се врати само со убавини и благосостојба!“.
