(ВИДЕО) Родниот крај на убиениот ракометар во Скопје е завиен во црно, свеќи се палат за последен поздрав


Ѓаково жали за прерано починатиот ракометар Денис Тот, градот се подготвува за последниот негов поздрав.
Пред спортската сала каде тој ги започнал првите почетоци деновиве се палат свеќи и се остава цвеќе, објави „dnevnik.hr“.
-Секогаш за време на паузите кои ги имаше за време на летото доаѓаше во Ѓаково, тренираше дополнителни тренинзи и со сите секогаш редовно се поздравуваше и бил скромен, вели некогашниот негов тренер Даниел Шпехар.
Неговиот пријател и поранешен играч Кристиан Ексеричиќ вели дека Денис бил вистински пријател и секогаш бил искрен со него.
-Беше секогаш позитивен, беше многу талентиран за ракометот, вели тој.
Видеото можете да го погледнете ТУКА.
Шокиран е и неговиот пријател и соиграч Домагој Перлиќ кој вели дека секогаш бил спремен за шеги и смеење.
-Беше посебен и човек и вистински спортист, никогаш не бил човек кој предизвикува инциденти, тврди тој.
