Скопје

Уапсен третиот осомничен за убиството на ракометарот

Министерството за внатрешни работи утринава го извести Основното јавно обвинителство Скопје дека е лишен од слобода Анџело Ѓорѓиевски по кој се трагаше врз основа на издадена Наредба за спроведување истражна постапка за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Како што известуваат од Обвинителството, лицето се предало на органите на прогонот на територијата на Скопје.

За осомничениот, по предлог на јавниот обвинител, судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје веќе има донесено решение за определување мерка притвор во траење од 30 дена.​

Претходно МВР распиша меѓународна потерница за Анџело Ѓорѓиевски. Другите двајца осомничени веќе се во притвор.

На почеток