Рекордери: Кривична пријава против пет лица поради сомнение за сторени 28 кривични дела
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Е.З.(50) од Битола, С.Д.(30), С.Д.(28), Ф.А.(37) и О.А.(36), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени 28 кривични дела, од кои 12 кривични дела „тешка кражба“, по две „уништување или оштетување јавни инсталации“ и помагање при „прикривање“ и по едно кривично дело „кражба“ и „загрозување на безбедноста на сообраќајот со опасно дејствие или средство“.
По претходен меѓусебен договор меѓу пријавените, во периодот од 10.06.2021 до 09.07.2021 на повеќе различни локации, првопријавениот со употреба на физичка сила ја отварал шахтата (кабловско окно), сопственост на телекомуникациска компанија, а потоа со бонсек ги сечеле бакарните кабли, ги одземале и ги товарале во возило, со што причиниле материјална штета од 2.149.919 денари.