Актуелно

Со толкав број забелешки секоја нормална власт би поднела оставка и би го проверила легитимитетот на избори, вели Николоски за извештајот на Стејт Департмент

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски денеска во рамките на активноста „Промените се случуваат, секогаш со народот“, беше во посета на општина Василево каде заедно со градоначалникот Славе Андонов извршија увид на градежни активности на улици во село Градошорци, општина Василево каде беше дадена и изјава за медиумите.

Запрашан за став околу најновиот извештај на Стејт Департментот за Република Македонија, Николоски истакна дека е многу важно она што го пишуваат САД како главен партнер на Република Македонија во своите годишни извештаи и дека со толку многу забелешки секоја нормална власт би поднела оставка и би го проверила својот легитимитет на избори.

„Да детално го прочитав. САД се најзначајниот партнер на Република Македонија и затоа исклучително е значајно што пишуваат во своите годишни извештаи кои што ги објавува Стејт Департментот. Извештајот е едно отсликување на реалноста , на она што го знаеме. Зборува за високо ниво на корупција, за нетранспарентност во Владата, за политизација на институциите кои треба да бидат независни, зборува за урнисаното судство и обвинителство. Зборува генерално за лошата состојба со човековите права и за лошата состојба со владеењето на правото. Ова се голем број на забелешки после коишто секоја нормална власт би си поднела оставка и би побарала да го провери својот легитимитет на избори. За жал кај овие не гледаме таква одговорност, но во следниот период многу побрзо од што мислат ќе се случат предвремени парламентарни избори на коишто ќе се случат големи промени и влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе воспостави функционален систем на владеење на правото и ќе го врати достоинството и независноста на македонското судство и обвинителство“, потенцираше Николоски.

На почеток