Коментари

Боки 13 и Катица како Донатела и Карл: Оние кои не ставија во затвор за да се спасат себеси, ќе одговараат!

Бојан Јовановски преку социјалните мрежи упати порака до они кои како што вели шират говор на омраза. Тој вели дека „Донатела и Карл ќе ја добијат конечната правда, а оние кои не ставија во затвор ќе одговараа“.

„После милион навреди и понижување на лична основа, линч, тортура, дискриминација и повреда на основните човекови права кои ги доживеавме во изминатиот период каде бевме навредувани и атакувани со најпогрдните зборови кои постојат, од “педерот до свињата” ( за кој линч и навреди ниедна од организациите за заштита на човековите права немаше никаква конкретна реакција и постапување, туку само молк, очигледно и за жал и човековите права кај нас се третираат како селективни права на поединците ) , па затоа после се, оваа сатира на оваа веќе вирална фотографија ја доживувам како комплимент и добронамерен хумор !!!
Една лична порака до сите оние кои шират говор на омраза, не можете вие толку да вреѓате и ширите омраза колку што јас можам да издржам !!!
И за крај категорично, Донатела и Карл ќе ја добијат конечната правда, а оние кои не ставија во затвор за да се спасат себе си, ќе одговараат!!!
РЕКЕТ Е ПАДНАТ !!!“, вели Боки 13.

На почеток