Актуелно

(ВИДЕО) Првите информации од БиХ за земјотресот почувствуван и во Скопје: Жителите на улица, има штета

Силен земјотрес ја погоди Бoсна и Херцеговина. Дел од жителите во паника излегоа од своите домови. Има и материјална штета. Објавени се првите фотографии и видеа.

Се почувствува низ целата земја во Сараево, Мостар, Зеница, Требиње, Билеќа, Столац, Љубиње… Бројни граѓани на Требиње, Зеница и Сараево излегоа на улиците.

Од силината на земјотресот сè се тресеше речиси една минута, а граѓаните кои живеат на горните катови во згради во Босна и Херцеговина, известуваат дека работите паѓале врз нив.

На почеток