Силно невреме ноќеска го зафати Дубровник.
Поради обилните врнежи поплавени се голем број на улици во градот, а водата влегла и во некои станови и куќи.
Како што јавува ДуЛист, пожарникарите за само три часа, од 4 до 7, имале 30 интервенции за испумпување на вода.
Проблеми има и на магистралните патишта, а на одредени места има и појава на одрони.
Освен во Дубровник, врнежи има на територијата на целата земја.