На патнички траект во Балтичкото море се случила силна експлозја, пренесуваат странските медиуми.
„Експлозијата се случила во собата каде што се наоѓа моторот. На бродот има 335 луѓе, вклучувајки ги и 37 членови на екипажот“, вели претставникот на руската Федерална агенција за поморство и речен превоз.
Според неговите инфромации, пожарот е изгаснат и нема повредени.
Ангажирани биле руски и литвански спасувачи, велат медиумите.
Траектот „Регина сивејс“ пловел од Литванија до Шведска, а во моментот кога се случила експлозијата бил во меѓународни води, на оддалеченост од 135 километри од Кклининград.