Актуелно

(ВИДЕО) Гори важен руски нафтовод

Огромен пожар избувна во складиште за нафта во рускиот град Брјанск, пренесоа руските агенции, повикувајќи се на министерството.

Засега нема индикации дека пожарот е поврзан со војната во Украина. Станува збор за исклучително важен нафтовод што ја транспортира руската нафта во Европа.

„Министерството за вонредни ситуации го потврди пожарот. Има и потврда дека се работи за резервоари со гориво“, јави ТАСС, повикувајќи се на владината канцеларија за медиуми.

Руското Министерство за вонредни ситуации во Брјанск добило извештаи за пожар во два часот по полноќ по московско време, јави ТАСС, по што спасувачките екипи биле испратени на местото на настанот за да потврдат дека складиштето за нафта гори.

Веќе во средината на април Русите ги обвинија Украинците за хеликоптерски напад во регионот. Тоа беше само неколку дена откако Украинците ги обвинија Русите за хеликоптерски напад врз складиште за гориво во соседниот регион Белгород.

На почеток