Нема нови случаи на ковид во Шангај
Шангај објави дека не се откриени нови случаи на Ковид-19 надвор од областа на карантин, клучна пресвртница во борбата против вирусот што го парализираше 25-милионскиот град.
Сцени од затворени куќи и згради во најнаселениот град во Кина од кои граѓаните не можат да излезат на насловните страници се низ светот во време кога повеќето други големи градови учат да живеат со коронавирусот.
Некои граѓани, кои се затворени во домовите повеќе од еден месец, гневни и револтирани, мака мачат да набават храна и други секојдневни потреби и како ретко кога покажаа јавно противење на строгата контрола на владата.
Но, ако кампањата успее, тоа би значело победа на пристапот на нулта толеранција на кинескиот претседател Кси Џинпинг кон Ковид-19 во годината кога се очекува да обезбеди трет мандат.
Иако градските власти на Шангај не зборуваа за пресвртницата на нивната дневна прес-конференција, таа беше поздравена на кинеските социјални медиуми, а текстот „Шангај има нула пренос на ковид низ заедницата“ утрово имаше повеќе од 190.000 прегледи на платформата Веибо.
Во Шангај во петокот немаше случаи на зараза надвор од затворените области, за разлика од четвртокот кога имаше 108 случаи. Другите кинески градови во карантин почнаа да ги олеснуваат ограничувањата откако го запреа преносот надвор од затворените области.