„Влегле во Собрание и се осудени на драконски казни, другите убавле демек за права и никому ништо“
Коментар објавен јавно од Дарија Андоновска стана вирален на социјалните мрежи. Тој доаѓа како споредба на осудните за „27 април“ и борците на т.н. ОНА односно УЧК. За Македонија, вели дека е вандализирана и расчеречена.
„Едните, оти влегле во собрание, се судени за терористичко загрозување и осудени на страшни, драконски казни. Другите масакрирале, дигале во воздух, палеле (па и живи луѓе), киднапирале, малтретирале, убивале демек во името на човекови права. Е, после влегле во собрание. Никому ништо. Никој никогаш не ги судел.
Денес и огромен споменик подигнаа за декларирана терористичка и сепаратистичка организација, со огромно знаме од друга држава, незаконски. Сите спомен плочи за бранителите на Македонија се редовно вандализирани, а шеснаесеткракото сонце се шмиргла. Македонија е вандализирана. Расчеречена. Однатре и однадвор. Со децении. Од наши и ваши. Ова е само мала забелешка, да ми пројде маката, малку од малку…“, е јавниот коментар на Дарија Андоновска.