Јаулески: Нема да дозволиме да биде предадено делото на Делчев, нема компромиси за неговиот идентитет
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески, порача дека нема да дозволат да биде предадено неговото дело. Тој посочи дека Делчев е темелот врз кого е изградена модерната македонска држава.
„Во 1903-та во Баница, Серско, пред 119 години е предаден и убиен Гоце Делчев. Ние, нема да дозволиме да биде предадено неговото дело, затоа што темелот врз кого е изградена модерната македонска држава се вика Гоце Делчев. Даскалот е лик кој секој би посакал да го има во својата историја, за кого слушнал светот и со восхит и почит се изговара неговото име, припаѓа само на Македонија затоа што самиот тој, е Македонец.
Никако поинаку и никакви компромиси нема за и околу неговиот идентитет. Неговиот идеал е се уште жив, како што е жива Македонија, а на нас, младите генерации ни останува да го заштитиме од безмилосните пропаганди помогнати од внатрешните неразбрани трговци кои имаат за цел да го продадат и најсветото од Македонија. Нека му е вечна слава!“, напиша Јаулески.