„Доставувач на пица од ДУИ стана заменик-директор на Државна лотарија“


Доставувач на ПИЦА од ДУИ станал заменик-директор на Државна лотарија на Македонија обвини партијата на Зијадин Села.
Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села пак посочи дека ДУИ се обидува да ги поткупи независните медиуми, и финансира партиски портали со пари на граѓаните.
Тој рече дека активист кој доставувал пици за пратениците на ДУИ е именуван за директор на Државна лотарија и со пари од истата финансира портали во служба на партијата, објави Њуз33.тв.
„Вознемирувачки се и останатите обиди на оваа партија кои ние ги гледаме од страна, кој цело време се обидува и купува медиуми преку пари на граѓаните, преку луѓе кои до вчера биле пица доставувачи на пратениците на ДУИ,
а денеска се заменици директори како во државната лотарија на Македонија и гледате многу портали кои се ориентирани во напад на опозицијата, притоа правејќи им ПР на ДУИ, ќе ги најдите и одговорите за кои медиуми станува збор кои 24 часа се во служба на режимот, на партијата која ја потисна слободата на говорот, и која што продолжува уште повеќе да ја потиснува истата, рече Села.
