Актуелно

Шилегов: Од АлиЕкспрес не бидува градоначалник, уште помалку се бира

Поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, објави реакција на Фејсбук, кон актуелната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска:

„Од Ali Express Градоначалник не бидува:
Почитувана (нит моја и верувајте нит било чија) градоначалничка (со мало г) г-ѓо Арсовска:
Од не знам кои причини, заради Вашата денешна глупост, ме споменувате во Вашата реакција (а јас, заради нашиот ГРАД упорно ги премолчувам Вашите глупости и Ви молчам 6 месеци). Епа еве вака Ali Express girl:
Од Ali Express градоначалник(чка) не бива. Уште помалку се бира …
Секој со својот избор (и последиците од него) !
П.С. за протоколот (и надлежната) 😉: 26-ти Јули е ден за протокол во Скопје. Тажен, но е ден. Се викаат делегации, семејства, збратимени градови, Влада, НОВИНАРИ …
Ама не можам се’ да ве учам. Како што Ви кажав: од Ali Express 😉 градончалник (чка) не бидува. Џабе се трудите . Толку Ви е нивото. Еве нема да ги спомнам паметот и способноста …
Живеј, Ali Express …
П.С.С. Какви нови достигнувања за пожарникарите ?“

На почеток