Свет

Русите објавија кој ќе им суди на заробените бранители на Азовстал

Руската прорежимска агенција Интерфакс објави дека лидерот на проруските сепаратисти во украинскиот регион Доњецк кажал кој ќе им суди на воените заробеници од челичарницата во Мариупол Азовстал.

„Затворениците од Азовстал се на територијата на Народна Република Доњецк. Планот е да се организира меѓународен суд на територијата на Републиката“, изјави Денис Пушилин.

Да потсетиме, Народна Република Доњецк е самопрогласена парадржава под контрола на проруските сепаратисти. Непосредно пред војната, Русија ја призна независноста на самопрогласената парадржава, а потоа рускиот претседател Владимир Путин нареди „специјална воена операција“ во Украина за „деназификација“ и „демилитаризација“ на Украина, обвинувајќи ја за геноцид врз руски говорители во исток.

На почеток