Судар на локомотива и воз, 50 лица се повредени

Од
Објавено на

Најмалку 50 лица се повредени кога локомотива удрила во патнички воз во Словачка, меѓу две места во областа Жилина.
Четворица патници се тешко повредени, а во возот имало 100 патници, објави веб-страницата aktuality.sk.
Во прашање е главната рута меѓу Жилина и Кошице, јави словачката новинска агенција ТАСР, повикувајќи се на портпаролот на државната железница ЗШК.
На местото на несреќата пристигнале пожарникари од повеќе околни градови, како и доброволци кои им помагаат на повредените.
Министерот за транспорт Андреј Долежал излезе на местото на несреќата.
