Свет

Украина станува посилна? Им се испорачува уште оружје

Норвешкиот министер за одбрана Бјорн Арилд Грам денеска соопшти дека Норвешка ѝ подарила на Украина 22 самоодни хаубици со долг дострел М109, јавува Си-Ен-Ен.

Норвешка донираше хаубици заедно со опрема, резервни делови и муниција, откако набави нова артилерија од Јужна Кореја.

„Норвешката влада чекаше да биде објавена донацијата од безбедносни причини. Можно е идните донации да не се објавуваат или коментираат“, рече Грам.

Тој додаде дека „развојот на војната во Украина сега укажува на потребата да се донира потешка артилерија и посилни одбранбени системи“.

Норвешката армија веќе обучувала украински војници во Германија да користат хаубици М109.

На почеток