Свет

Наскоро ќе му се одбројат деновите на Путин, вели поранешниот британски шпион

Поранешниот разузнавач Кристофер Стил, кој работел за британската тајна служба МИ6, вели дека „не гледа“ како рускиот претседател Владимир Путин може да остане на власт во следните „три до шест месеци“.

Во изјава за Би-Би-Си, Стил рече дека штом западните санкции кон Русија, особено оние поврзани со енергетиката, ќе стапат во целосна сила, деновите на Путин ќе бидат избројани.

Запрашан за конкретната временска рамка за падот на Путин, Стил рече дека „има знаци дека неговото здравје го издава“. Ако американските и британските извори се во право, рече тој, рускиот лидер би можел „да остане немоќен“ најмногу половина година.

На почеток