Свет

(ВИДЕО) Расте бројот на загинати во железничка несреќа во Иран, досега 17 патници починаа

Најмалку седумнаесет луѓе загинаа, а десетици се повредени кога воз излета од шините во близина на Табас во централен Иран. Несреќата се случила во 5 часот и 30 минути по локално време.

Воз со 348 патници излета од шините по судир со багер на пругата. Пет од единаесетте вагони излетале од шините.

Дванаесет повредени се пренесени во болница во критична состојба.

На почеток