Свет

Грчката црква го призна канонскиот статус на МПЦ-ОА

Грчката црква го призна канонскиот статус на МПЦ-ОА, прифаќајќи ја одлуката на Вселенската Патријаршија, со што практично стана третата црква која може да сослужува со МПЦ-ОА, откако тоа прво го направи Вселенската Патријаршија, а потоа и СПЦ, пишува Религија.

Православната Црква на Грција денеска излезе со соопштение од нејзиниот Свет Синод, во кое се вели дека Атинската Архиепископија, возглавена од Архиепископот г. Јероним, со задоволство го прими писмото од Вселенската Патријаршија во кое се известува за „исцелението на расколот од 1967 година и востановувањето на црковното општење“ на светата Охридска Архиепископија, под водство на Неговото Блаженство Архиепископот г. Стефан.

Истовремено, Светиот архиерејски Синод на Атинската Архиепископија изразува сериозна загриженост поради писмото од Патријаршијата на Србија, пред сè, поради користењето на името „Македонска православна црква“, бидејќи на тој начин се навлегува во внатрешните работи на Црквата на Грција која, исто така, под своја јурисдикција има област наречена „Македонија“.

На почеток