Свет

„Нова демократија“ нема да го ратификува Договорот од Преспа – Ципрас треба да бара ново мнозинство

Портпаролката на Нова демократија и европратеничка, Мариа Спираки, во интервју за грчкото радио „Њуз247“, уште еднаш повторува дека Нова демократија нема да го ратификува Договорот од Преспа ниту во овој, ниту во следниот парламент, објави МИА.

– Мислам дека не постои нешто друго околу ова прашање. Ова им го имаме кажано на сите наши соговорници и во и надвор од Грција, го имаме кажано со истиот речник, го имаме кажано на сите јазици. Нова демократија нема да го ратификува договорот, ниту во актуелниот ниту во следниот парламент, каде што ќе имаме мнозинство – вели Спираки.

Во однос на најавите на коалициониот партнер во владата и лидер на Независни Грци, Панос Каменос, дека ќе се повлече од владата кога договорот ќе дојде во грчкиот Парламент, Спираки вели дека тоа ќе создаде нова ситуација и Ципрас ќе мора да побара доверба од парламентот, јави дописничката на МИА од Атина.

– Повлекувањето на господниот Каменос и неговите министри од владата, неопходно е да го одведе господниот Ципрас во парламентот за да побара ново мнозинство. Во спротивно, за нас нема никаков легитимитет – вели портпаролката на Нова демократија во интервјуто за грчкото радио.

За можноста Нова демократија да достави иницијатива за гласање недоверба на владата, Спираки уште еднаш повтори дека „сите парламентарни оружја се на маса“, а кое ќе го искористат „е одлука на лидерот на партијата, Кирјакос Мицотакис“.
извор: МИА

Премиерот Алексис Ципрас треба во грчкиот парламент да бара ново мнозинство, бидејќи неговиот коалициски партнер, Независни Грци, најверојатно нема да гласаат за договорот од Преспа. Ова во интервју за радиото 24. 7 го изјави портпаролката на главната опозициска партија Нова демократија, Марија Спираки.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток