Свет

Вархеј почна да се нервира: Немањето решение меѓу Бугарија и С. Македонија многу нѐ фрустрира

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеј, денеска е во официјална посета на Софија. Тој кажа дека се работи на добивање на датум, и очекува поддршка од Бугарија за евроинтегративниот процес на Македонија.

„Повторно и повторно се враќам во Софија, а тоа значи дека повторно нема решение кое многу нѐ фрустрира ако може така да кажам, затоа што не можеме да продолжиме понатаму со процесот на пристапување на Северна Македонија кон ЕУ без сите земји членки да одобрат и се уште ја чекаме поддршката од Бугарија и работиме на тоа. Во јуни е еден од најважните дати за нас и сакаме тогаш да постигнеме решение во овој многу важен момент. Ете и затоа се сретнувам со премиерот, МНР на Бугарија, а ќе разговарам и со претседателот Румен Радев.“, рече Вархеј

На почеток