Актуелно

Бугарски бизнисмен со остри критики: „Усвојувањето на еврото ќе му каже на светот дека сме глупави“

Бугарскиот бизнисмен Ивајло Пенчев остро го критикуваше планот на земјата за усвојување на еврото.

„Усвојувањето на еврото му кажува на светот: „Ние сме толку глупави што не заслужуваме независна монетарна политика и со нас треба да управуваат европски функционери“, изјави Ивало за ТВ1.

Пенчев е извршен директор на Walltopia, моментално најголемиот производител на ѕидови за вештачко качување во светот.

Според него, не и прилега Бугарија да се фали со нова зависност од ЕУ, пишува Новините.

„Не чувствувам еуфорија бидејќи ќе станеме зависни од нешто друго од ЕУ. Тоа нема да влијае особено на бизнисот, луѓето може да станат посиромашни“, рече Пенчев.

Тој го нарече новиот буџет „неморален“ бидејќи подразбира долгови кои ќе ги враќаат идните генерации.

Сметам дека буџетот треба да биде или избалансиран или во плус“, посочи бугарскиот бизнисмен.

Тој не ја прифаќа идејата за нула ДДВ за лебот, очекувајќи измама.

Сега кифлата ќе стане леб, пицата ќе стане леб, а измамниците ќе се збогатат“, рече Пенчев.

На почеток