Актуелно

Прв случај на мајмунски сипаници во Бразил, пациентот неодамна отпатувал во Шпанија и Португалија

Здравствените власти во бразилскиот град Сао Паоло денеска го потврдија првиот случај на мајмунска сипаница во земјата.

Пациентот е 41-годишен маж кој неодамна отпатувал во Шпанија и Португалија, се вели во соопштението на градскиот здравствен секретаријат, пренесе Ројтерс.

Тој е хоспитализиран, соопшти секретаријатот, без да ја спомене неговата здравствена состојба.

Службеникот додаде дека се следи сомнителен случај на 26-годишна жена која исто така е хоспитализирана.

Локалните медиуми го објавија првиот случај претходно оваа недела, но властите дури денеска го потврдија.

Повеќе од 1.200 случаи на мајмунски сипаници се регистрирани во околу 30 земји, повеќето од нив во Европа.

На почеток