„Војната во Украина во одреден момент ќе стане како игра на чекање“, вели Бајден


Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави денеска дека не се плаши од раскол во НАТО, но предупреди дека конфликтот во Украина може да стане продолжен конфликт.
Тој најави дека ќе разговара за понатамошните чекори со своите сојузници на самитот на НАТО во Мадрид следната недела.
„Не се плашам“, рече Бајден, одговарајќи на прашање за потенцијалот за раскол меѓу европските сојузници околу конфликтот во Украина.
„Мислам дека во одреден момент ова ќе стане како игра на чекање. Колку долго Русите ќе можат да издржат и колку Европа ќе биде подготвена да издржи“, рече Бајден.
Тој рече дека тоа ќе биде една од темите за кои ќе се разговара на самитот во Шпанија, пренесува Си-Ен-Ен.
Бајден во сабота заминува на самитот на Г7 во Германија, а потоа на самитот на НАТО во Мадрид.
