Актуелно

(ВИДЕО) Се урна авион со над 100 патници

Авион со повеќе од 100 патници се урна во понеделникот на аеродромот во Мајами, откако опремата за слетување престана да работи кога требаше да слета.

Авионот поминал низ малата зграда и низ комуникациската кула, лизгајќи се на долниот дел, пред да се запали.

Во авионот имало 126 патници и 11 членови на екипажот. Тројца од нив завршија во болница. Федералната асоцијација за авијација (FAA) објави дека опремата за слетување не работела правилно.

Авионот е дел од флотата во сопственост на Red Air, компанија основана минатата година во Доминиканската Република, пишува Daily Mail.

„Тоа беше всушност ужасно искуство, но како што реков, се чувствував безбедно“, изјави патникот Бало Делгадо за CBS Miami. „Во еден момент тоа се случи, а во друг низ прозорецот можеше да се види како полицијата си ја врши работата.

Противпожарните екипи брзо пристигнале на местото на настанот. Тие излегле на терен само една минута по слетувањето на авионот, во 17.38 часот и почнале да го прскаат запаленото крило на авионот со противпожарни апарати. Портпаролот на аеродромот во Мајами рече дека падот ќе влијае на другите летови.

На почеток