Свет

Голема акција на српските служби: Уапсени високи припадници на армијата и вработени во Министерството за одбрана

По наредба на Обвинителството за организиран криминал на Србија, по повеќемесечна предистражна постапка, во постапката против 10 осомничени се приведени девет лица.

Акцијата е спроведена во соработка со ВБА, Воената полиција, припадници на БИА и МВР и Управата на полицијата – Служба за борба против организиран криминал.

Како што се наведува во соопштението на српското обвинителство, дел од нив се високи припадници на војската на Србија, односно на Министерството за одбрана.

Осомничените, како членови на организирана криминална група, на чело со организаторот А.Н., вработени во Министерството за одбрана, искористувајќи ги службените позиции и овластувања, со цел да се стекнат со имотна корист за себе и за други, на штета на буџетот на Р. на Србија, склучи голем број договори кои се однесувале на различни инвестиции за потребите на Министерството за одбрана и Армијата на Србија.

Членови на оваа групација се и четворица вработени во Министерството за одбрана, како и пет одговорни лица од фирми.

За да се стекнат со противправна имотна корист од неколку милиони, осомничените, спротивно на сите деловници од Законот за јавни набавки, внесувале невистинити податоци во договорите кои се однесуваат на инвестициско одржување и вложувања во објекти за потребите на командите, единиците и институциите на Министерството за одбрана, што биле значително поголеми од реалните (пазарните).

На почеток