Свет

Кадиров: Целосно се ослободени аеродромот Северодонецк и Народна Република Луганск

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров на каналот Телеграм објави дека целосно се ослободени индустриската зона, аеродромот Северодонецк и Народна Република Луганск.

Кадиров вели дека чистењето на аеродромот е во тек и дека целата територија е под руска контрола, јави руската агенција Тасс.

Кадиров на Телеграм напиша дека 800 цивили се ослободени од фабриката Азот во Северодонецк.

Чеченскиот лидер му се заблагодари на својот помошник Апти Алаудинов, пишува Тас.

На почеток