Македонија

(ВИДЕО) Арсовски: Заев и Спасовски сакаат да создадат параполициска структура

Зоран Заев и СДСМ си прават параполициска структура што ја водат личното обезбедување на Заев, вработени во шестата управа, како и лица осудувани за криминал, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Агенцијата ‘Код секјурити груп’ ДОО Струмица е основана на 10 јули годинава од Александар Трајков, Николчо Колев и Стево Трајков од кои вториве двајца, Николчо и Стево, се сè уште вработени во МВР, а Александар Трајков е добро познатиот придружник на Зоран Заев како бодигард, како претходно така и сега, и знаеме дека е вмешан во повеќе скандали низ годиниве. Во редот на основачите е и извесен Лазо Котуровиќ, кој претходно бил дел од личното обезбедување на Зоран Заев како градоначалник на Струмица, а за него во МВР може да се види дека е неколкукратен сторител на кривични дела како насилство, напад врз службено лице и други кривични дејства“, рече Арсовски.

Ги прашуваме, додаде тој, Зоран Заев и Оливер Спасовски, како е можно МВР да издаде дозвола за основање на агенција за обезбедување на лица вработени во МВР, како и лица против кои неколкупати била покренувана кривична пријава?

„За која намена е основана оваа агенција за обезбедување? Дали оваа агенција за обезбедување има намера да го зголеми криминалот по улиците каде што изминативе година дена се случуваат нерасчистени убиства на секој чекор? И никој не одговара за нив. Кои се намерите и кои професионални обврски ги исполнува оваа агенција за обезбедување на СДСМ?“, праша Арсовски.

Тој рече дека според неофицијални информации зад „Код секјурити груп“ стои братот на Зоран Заев, Вице Заев, кој треба да раководи со агенцијата и да ја контролира.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток