Актуелно

Kолку чини војната против Русија месечно

Официјален Киев месечно троши пет милијарди долари за актуелниот конфликт со Русија, изјави министерот за финансии на таа земја Сергеј Марченко.

Тоа го изјави Марченко во интервју за шпански Ел Паис, од каде делови од разговорот пренесе украинска страна.

„Борбените операции чинат пет милијарди долари месечно. Поддршката од западните земји што ја добиваме сега не е доволна да ги покриеме сите трошоци“, посочи Марченко.

Тој исто така изјави дека сегашните трошоци се подносливи во време кога се очекуваше конфликтот да трае еден до три месеци, но во сегашната состојба „загубите на (украинската) економија се зголемуваат од ден на ден.

На почеток