Актуелно

Макрон: Ова е воено злосторство

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска оцени дека овонеделниот напад на Русија врз украинскиот трговски центар е „воено злосторство“ и дека Франција ќе ја поддржува Украина онолку долго колку што е потребно.

„Русија не може и не смее да победи во оваа војна“, рече Макрон на самитот на Г7 во Германија, пренесува Ројтерс.

Пожарникарите и војниците денеска трагаат по преживеани во урнатините на трговскиот центар во украинскиот град Кременчук, откако најмалку 18 лица загинаа во руски ракетен напад.

На почеток