Ковачевски не открива дали Македонија прави нови отстапки за Бугарија
Премиерот Димитар Ковачевски, најави дека францускиот предлог ќе биде доставен до Собранието. Не кажа дали Македонија треба да прави нови отстапки. За вклучувањето на Бугарите во македонскиот Устав, Ковачевски рече: „Ние имаме изјави од сите политички актери дека е процес кој сите ќе го поддржат“.
„Во однос на поддршката и прифаќањето на она што сметаат нашите граѓани и другите носители во државата, сметам дека треба да биде со најширок консензус бидејќи на ваков начин ние правиме исчекор кон отворање на првата меѓувладина конференција на РС Македонија со ЕУ. Првата меѓувладина конференција значи почеток на скрининг процесот. За деталите, ќе информира вицепремиерот за европски интеграции. Предлогот кој е даден е од претседателството, но доколку ги следевте внимателно изјавите, тој беше поддржан и од други држави. Ова е документ од претседатлеството. Сите детали од него, ќе бидат презентирани од текот на утрешниот ден“, кажа Ковачевски.
Спорниот протокол, не е дел од преговарачката рамка.
„Во однос на одвивањето на самиот процес на пред пристапни преговори со ЕУ, тоа е дефиниран процес, дел од стандардите на ЕУ и преговарачката рамка. Тој процес го водат земјите членки. Во однос на протоколот кој го споменувате, тој не е прв протокол туку втор протокол на Комисијата која работи на следење на Договорот за добрососедство со Бугарија. Тој е одобрен од Собранието. Протоколот кој е усогласен, ќе бидат презентиран од Министерството за надворешни работи. Протоколот нема да биде дел од преговарчката рамка“, додаде тој.