„Вие не сте нормални, мајке ми, ќе горите во пеколот ама не пред да скапете по затвори“, вели Апасиев
Од
Објавено на
Лидерот на Левица, Димитар Апасиев го коментираше барањето на Бугарија, Македонците во Албанија да бидат третирани како бугарско малцинство.
Еве што напиша Апасиев на Фејсбук:
“И Македонците од Албанија дојдоа на ред за шиткање. Ќе ги третираат како “традиционално бугарско малцинство”!? Вие не сте нормални, мајке ми! Ќе горите во пеколот, ама не пред да скапете по затвори!
#NoPasaran
#СекојДенВоСедум“